ХОРОР ВО ЛОНДОН! Пукано во гости во ресторан, дете во критична состојба
Во лондонскиот кварт Далстон дошло до пукање во кое се ранети тројца возрасни и едно дете. Пукањето се случило околу 21 часот по локално време, а според очевидци напаѓачот бил на мотор кога отворил оган.
Тој пукал во правец на ресторанот „Евин“, при што ранил неколку гости, а потоа истрчал по улицата.
Ранетото дете е во критична состојба, додека состојбата на ранетите возрасни лица не е позната. Погледнете го видеото од местото на настанот.
Kingsland High Street, Dalston shooting
— WeGotitBack (@NotFarLeftAtAll) May 29, 2024
Three adults and a child were shot in an alleged drive-by shooting.
A person pulled up on a motorcycle… let off about 5-6 shots and then sped off. pic.twitter.com/MaA0y3g4Rv
"Во ресторанот имаше гужва, поголема група плати и си замина. Имаше пукање, сите се фрливме на подот, под масите. Настана хаос", рекол очевидец за "Дејли мејл", пренесуваат медиумите од соседството.
Полицијата интензивно работи на утврдување на околностите, а засега нема уапсени. Ранетите се пренесени во болница.
Фото: Принтскрин/Твитер