Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХОРОР ВО КИНА - ЏИП ВЛЕТА ВО ДЕЦА ПРЕД УЧИЛИШТЕ: има повредени, родителите го фатија возачот (ВИДЕО)

ХОРОР ВО КИНА - ЏИП ВЛЕТА ВО ДЕЦА ПРЕД УЧИЛИШТЕ: има повредени, родителите го фатија возачот (ВИДЕО)

Возач влетал со џип во деца кои пристинувале во основно училиште во Кина. Прегазени се неколку деца, како и возрасни, јави кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Засега нема информации за загинати, но се известува дека децата се здобиле со тешки телесни повреди.

Како што пренесува Дејли Мејл, несреќата се случила утринава, во моментот кога учениците пристигнувале на настава околу 8 часот по локално време, во основното училиште Јонган во градот Чангде. Во нив удрил бел џип, кој удрил во децата додека се приближувале до училишната капија.


Засега не е познато дали возачот изгубил контрола над возилото или се работи за намерно дело, пишува Дејли Мејл.

Официјалната новинска агенција Ксинхуа потврди дека се повредени деца и возрасни, но не соопшти детали за нивната состојба.

На снимката објавена на кинеските социјални мрежи се гледаат неколку луѓе како лежат на патот откако биле удрени од теренец, додека преплашените ученици трчаат покрај капијата и внатре во училишната зграда извикувајќи „помош, помош!“.


Вкупниот број на жртви се уште не е познат, но сведоците на кинеските социјални мрежи објавија дека се прегазени најмалку десетина луѓе.

Возачот веднаш бил фатен од преплашените родители и обезбедувањето. Тој бил извлечен од автомобилот кршејќи го стаклото со лопата. Потоа бил брутално претепан на улица.

На едно видео може да се види како напаѓачите го спуштаат на земја и го тепаат со стапови, додека крв има насекаде.


Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести