ХОРОР ВО ГЕРМАНИЈА: Сè повеќе силувања од мигранти
Таен извештај, чија автеничност властите ja потврдија ja нагласува сериозната загриженост во врска сo силувањата и сексуалното малтретирање на деца.
Сексуалните престапи, извршени од мигранти на јавните базени во Германија зачестија и предизвикуваат сериозна загриженост, пишува „Дејли Меил", повикувајќи се на информации од таен извештај.
Автентичноста на тајниот извештај била потврдена од властите во Дизелдорф. Документот ја нагласува сериозната загриженост во врска со силувањата и сексуалното малтретирање на деца. Извештајот излегува на виделина само неколку месеци по ужасот во Келн, каде во пресрет на Нова Година стотици жени беа предмет на сексуална злоупотреба од мигранти и помалку од еден месец откако мигрант од Ирак беше затворен за силување на 10-годишно момче во базен во Австрија. Овој извештај е издаден од вработените на комесаријат 12, кој е одговорен за сексуални злосторства и исчезнатите лица.
Сексуалното малтретирање на деца во јавните базени ни дава сериозна причина за загриженост, се наведува во документот.
