Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХОРОР ВО ФРАНЦИЈА - тело на 12 годишно девојче најдено во гепек на автомобил во близина на нејзината зграда

ХОРОР ВО ФРАНЦИЈА - тело на 12 годишно девојче најдено во гепек на автомобил во близина на нејзината зграда

Тело на дванаесетгодишно девојче било пронајдено во багажникот на автомобил во петокот вечерта во 19-тиот арондисман во Париз, дознава француски Le Figaro од извор близок до истрагата и од обвинителството, кое ги потврди информациите на независни новинарот Клеман Ланоа.

Приведени се четири лица, изјави извор запознаен со случајот.

„Отворена е истрага за убиство на малолетник кој не наполнил 15 години, кое и е доверено на криминалната бригада, соопшти обвинителството. Телото е пронајдено во автомобил кој бил паркиран на паркингот под зградата каде живеела девојката“, соопшти обвинителството.

Тинејџерката претходно била пријавена за исчезната во полиција, изјави извор запознаен со случајот.

Според друг извор, нејзиниот татко, загрижен дека не ја видел да се врати од училиште, ја алармирал сопругата која отишла во полициска станица да ја пријави како исчезната.

Не се познати детали за причината за смртта на младата тинејџерка.


Слично

Поврзани вести