Хорор во Берлин: Автомобилот влета во толпа, има жртви, над 30 повредени
Вистинската драма се одвива во Берлин, каде што најмалку 30 луѓе се повредени откако возилото влета во толпата.
Според неофицијални информации едно лице им подлегнало на повредите.
Непознат маж со возило „Рено“ влетал во толпа луѓе. Не е познато дали станува збор за напад или мажот изгубил контрола над возилото.
Медиумите јавуваат дека возачот на автомобилот е уапсен.
Инцидентот се случил во близина на местото на смртоносниот напад на 19 декември 2016 година, кога Тунижанецот Анис Амри, поврзан со исламистичките терористи кои тврделе дека се бегалци, нападнал божиќен пазар со киднапиран камион чиј возач прво го убил, а потоа влетал во преполн пазар, убивајќи уште 11 луѓе и рани десетици други.
На терен се голем број пожарникари и полициски екипи.
Фото: Инстаграм
