ХОРОР ВО АВСТРИЈА: Во куфери фрлени во езеро, пронашле делови од човечко тело
Тело на 70-годишна старица беше пронајдено денеска, во езерото Траунзе во близина на градот Гмундена.
Австриската полиција информира дека во два куфери беа пронајдени делови од телото на жената, чиј идентитет се уште не е познат.
Првиот куфер е изваден од езерото вчера, откако еден од минувачите пријавил во полиција дека видел багаж во водата, додека другиот куфер е пронајден откако полицијата отишла на самото место.
Државната телевизија ОРФ објави дека идентификацијата на убиената жена е отежната поради фактот дека недостасуваат делови од телото.
Слично
