ХОРОР ПРЕД ОЧИТЕ НА ДЕЦАТА: Украинка го возела своето семејство на сигурно, сопругот вели дека ја погодил руски снајперист
Рано утрото на први март, Свитлана Жулина го возела своето семејство надвор од регионот на Киев, разрушен од војната. До неа седел нејзиниот сопруг Ендру Вилсон, а на задното седиште биле нивните два сина, на возраст од осум и десет години.
Се возеле по житомирската магистрала, пат кој оди кон запад, кој им е многу познат на жителите на Киев. Во време на мир, луѓето би го користеле за да стигнат до Лавов. Сега тоа бил патот до сигурноста.
Сопругата го возела автомобилот кога била погубена од снајперист
Одеднаш, Ендру слушнал силна експлозија и главата на неговата сопруга паднала врз него. Таа била погодена од снајперски куршум. Тој го запрел автомобилот и побрзал да го спаси остатокот од своето семејство, пишува Kyiv Independent.
„Тоа беше хорор за децата. Куршумот ја погоди шофершајбната, а нивната мајка која беше таму пред малку, повеќе ја нема“, рекол Андриј.
Вратата била блокирана, па излегол низ прозорецот и почнал да ги вади децата од автомобилот.
„Прв го зедов Артем“, рекол Ендру за својот постар син, „и тие ме застрелаа во десната нога. Го сокрив Артем зад хаубата на автомобилот за да не можат да дојдат до него“.
Русите пукале и во нивниот помал син
Андриј потоа се вратил да го земе Мирослав, помалиот син.
„Мирослав се задржа. Тој ја погледна мојата нога, виде голема дупка во неа и рече: „Тато, има дупка“. И веднаш тие гадови му пукаа во ногата“, додаде Андриј.
Само во Киев од почетокот на војната загинале 222 лица, соопштија локалните власти. Ова вклучува 60 цивили и четири деца.
Тие додаваат дека се повредени уште 889 лица, меѓу кои 241 цивил и 18 деца.
Извор: Индекс.хр
