Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХОНГ КОНГ ПОБАРА ОД АСТРАЗЕНЕКА ДА ЈА СТОПИРА ИСПОРАКАТА НА ВАКЦИНАТА - страв од несакани ефекти и загриженост за ефикасноста од новите соеви

ХОНГ КОНГ ПОБАРА ОД АСТРАЗЕНЕКА ДА ЈА СТОПИРА ИСПОРАКАТА НА ВАКЦИНАТА - страв од несакани ефекти и загриженост за ефикасноста од новите соеви

Хонг Конг утрово потврди дека побарал од АстраЗенека да ја прекине испораката на вакцината против ковид 19 во таа земја, поради страв од несакани ефекти и загриженост за нејзината ефикасност против новите варијанти на коронавирусот, пишува Гардијан.

Шефот за здравство на Хонг Конг, Софија Чан, рече дека градот побарал од АстраЗенека да не доставува од вакцините како што беше планирано подоцна оваа година. 

„Сметаме дека не е потребно АстраЗенека да ги доставува вакцините во градот во рок од оваа година“, рече таа, додавајќи дека Хонг Конг сака „да избегне отпад бидејќи вакцините на глобално ниво се дефицитарни“.

Хонг Конг веќе обезбеди пристојно снабдување со вакцини за своите 7,5 милиони жители, со зделки за 7,5 милиони дози од Фајзер/Бионтек и кинески Синовак, а и двете компании вече започнаа со испорака.

Чан рече дека Хонг Конг исто така сака да разгледа и други вакцини кои можат да имаат посилни резултати против поновите видови на коронавирусот.

На почетокот на оваа недела, Дејвид Хуи, водечки јавен здравствен експерт и владин советник, повика Хонг Конг да ја замени АстраЗенека со нова вакцина, односно со вакцината со единечна доза Џонсон и Џонсон. 

И покрај тоа што има стабилно снабдување со вакцини, користењето се одвива бавно во услови на вртење на недоверба кон владата. Досега само 529.000 луѓе ја имале својата прва доза. Исто така, постои јавна загриженост дека кинеската вакцина Синовак доби брзо одобрување и покрај тоа што не ги објави своите податоци за клиничко испитување во рецензиран весник.

Извор и фото: Гардијан

Слично

Поврзани вести