Холивуд, број еден извозник на суперхерои!
Холивуд знае да продава и да извезува приказни. Осум од единаесет филмови во кои главни ликови се суперхерои генерираат до 65% од вкупната продажба надвор од САД. Светот наголемо ги конзумира овие приказни и токму поради тоа нивните продолженија не запираат.
Трошоците за снимање на вакви спектакли се многу високи, па така проценките од Холивуд велат дека за да може да се оправда продолжение на некој филм, првиот дел треба да заработи 400 милиони долари. Таква бројка тешко може да се постигне во САД, па затоа мора да се бара формула за успех надвор од најголемата економија.
И засега делува дека се успешни...
Филмот Волверин е последен помина доста слабо во САД, и имаше најслаб старт на почетниот викенд од сите досегашни филмови. Но резултатите надвор од САД беа феноменални. 65% од приходите на филмот доаѓаат од надворешни пазари. Досега има заработено 350 милиони долари и сосема е сигурно дека ќе може да очекуваме негово продолжение, доколку се продолжи со ова темпо на заработка.
Европа, Јапонија и Австралија традиционално се најголемите пазари на Холивуд, но како и во се така и во филмската индустрија голема улога во побарувачката играат и пазарите во надоаѓање. Инсталирањето на кина во кои има најсовремена технологија во Русија, Кина, Индија е главната причина за зголемувањето на гледаноста во овие земји, на кои Холивуд веќе посветува големо внимание.
Филмот Ајрон Мен 3, забележа феноменални 120 милиони долари само во Кина. Иако земјата има закони кои доста ја штитата домашната продукција, сепак на продуцентите на Ајрон Мен им беше овозможено да закупат рекламно време на најледаната емисија во Кина, а тоа е новогодишната програма и тој начин да допрат до што е можно повеќе гледачи.
Редакција Фактор
