Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХОЛАНЃАНИТЕ ИСПЛАШЕНИ: Ги прекинаа летовите со Британија поради новиот вид мутиран коронавирус

ХОЛАНЃАНИТЕ ИСПЛАШЕНИ: Ги прекинаа летовите со Британија поради новиот вид мутиран коронавирус

Холандија забрани летови од Велика Британија поради новата мутација на коронавирус.

Ова важи од денеска. Забраната стапува на сила веднаш и важи до 1 јануари, соопшти владата. Холандскиот национален институт за јавно здравје и животна средина (РИВМ) препорача да се преземат мерки за да се ограничи внесувањето на оваа верзија на вирусот од Велика Британија што е можно повеќе со контролирање на патничкиот сообраќај, што доведе до владина забрана за воздушен сообраќај. Верзијата на вирусот опишана во Велика Британија веќе е идентификувана во случаен примерок во Холандија на почетокот на декември, се вели во соопштението на владата. Случајот треба дополнително да се испита за да се утврди кој е засегнат, како настанала инфекцијата и дали се познати поврзани случаи.

Велика Британија во саботата најави ново затворање за Лондон и делови на југот и истокот на Англија,  загрижена за брзото ширење на новиот вид на вирусот.

Повеќе од 67.000 луѓе во Британија починаа поради компликации на коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести