Холанѓанец кој беше противник на вакцинацијата почина од коронавирусот
Робин Франсман, дипломиран политиколог и економист, еден од најголемите противници на вакцинацијата почина вчера во Холандија oд коронавирусот. Имаше 53 години.
Тој не сакал да се вакцинира и често ги критикувал вакцините на социјалните мрежи. На 3 декември објави на Твитер дека е позитивен на Ковид-19.
Робин Франсман беше основач на иницијативата „Закрепнување на Холандија“ („Херстел НЛ“), чии членови се спротивставија на острите епидемиолошки мерки.
Тие на почетокот на годината презентираа план како општествениот живот во Холандија и во време на короната да се одвива непречено и побараа, меѓу другото, да се воспостават „безбедни зони“ со строги правила за ранливите групи. Министерот за здравство Уго де Јонге го отфрли предлогот, тврдејќи дека е „опасен по живот“ за граѓаните.
Во повеќе европски земји расте бројот на заразени. Практично, Франција, Италија, Грција уриваат рекорди со бројот на инфицирани.