Економија, финансии, бизнис

Контакт

Холандскиот премиер: Или интеграција - или надвор!

Холандскиот премиер: Или интеграција - или надвор!

Холандскиот премиер Марк Рут изјави дека кој нема да се интегрира, треба да си оди од Холандија, пренесоа американските медиуми.

„Треба активно да ги заштитиме вредностите од луѓе кои не сакаат да се интегрираат"- вели Рут. 

На 15 март во Холандија ќе се одржат парламентарни избори.

Јасно се гледа дека неговата порака е насочена кон оние гласачи кои ги поддржуваат екстремните платформи на противникот Вилдерс, забележуваат американските медиуми. 

Рут кој е лидер на десноцентристичката Народна партија за слобода и демократија, вели дека има разбирање за повиците дека кој нема да се интегрира, треба да ја напушти Холандија.

„И јас го делам тоа мислење. Однесувај се нормално или си оди"- вели тој.

Вилдерс реагира на изјавата на Twitter, нарекувајќи го Рут човекот на отворените граници, на цунамито од кандидати за азил, масовната имиграција, исламизацијата, лагите и заблудите. 


Слично

Поврзани вести