Холандскиот научник тврди дека ќе има нови потреси во Турција
Moжни се нови потреси во Турција.
Ова го тврди холандскиот научник Френк Хогербетс. Тој претходно објави дека е можен силен земјотрес во Турција и Сирија. Сега вели дека има можност за нови потреси со јачина од 5-6 степени.
„Прогноза: Месечевата геометрија може да предизвика силна сеизмичка активност во наредните денови, особено околу 8 февруари, најверојатно во опсегот на магнитуда од 6 степени. Постои мала можност за поголем сеизмички настан. Земјотресите ќе продолжат во централна Турција и би можеле да достигнат магнитуда од 5 или 6 степени“, пишува Хогербетс.
Вчера и денеска имаше над 540 потреси во Турција и соседната Сирија.„Имаме 3.549 загинати, 22.168 повредени. Најголема наша утеха е што досега под урнатините спасивме повеќе од 8.000 наши граѓани“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Многу земји се мобилизираа за помош на Турција и Сирија.
