Економија, финансии, бизнис

Контакт

Холандскиот министер за финансии кандидат за шеф на Еврогрупата

Холандскиот министер за финансии кандидат за шеф на Еврогрупата

Холандскиот министер за финансии Јерун Дајселблум ја објави денеска својата кандидатура за шеф на Еврогрупата.

- Сакам да ве известам дека утре ќе поднесам официјална кандидатура, рече Дајселблум за време на разговорите со актуелниот шеф на Еврогрупата Жан Клод-Јункер.

Холандскиот министер за финансии, кој е член на Лабуристичката партија, во последните неколку недели се појави како кандидат за таа функција, но официјално не ја објави својата кандидатура.

Четириесет и шестгодишниот Дајселблум има само два месеци министерско искуство, а на функцијата нареден шеф на Еврогрупата би можел да биде именуван во понеделник, кога се одржува состанокот на министрите за финансии на еврозоната.

Слично

Поврзани вести