Економија, финансии, бизнис

Контакт

Холандски научници ги научиле пчелите да откриваат примероци заразени со коронавирусот

Холандски научници ги научиле пчелите да откриваат примероци заразени со коронавирусот

Холандски научници ги научиле пчелите, да откриваат примероци заразени со коронавирусот. Ова може да го скрати добивањето на резултатите од тестовите за коронавирус на неколку секунди.

Но, Дирк де Граф, професор кој изучува пчели и други инсекти на Универзитетот во Гент во Белгија, верува дека оваа техника во блиска иднина нема да ги замени конвенционалните форми на испитување на коронавирусот. 

Научниците од биоветеринарната лабораторија за истражување на Универзитетот Вагенинген ги наградуваат пчелите со засладена вода откако им покажале примероци заразени со коронавирус. Добивањето резултати по тестирањето за ковид-19 обично трае со часови, а пчелите веднаш откриваат заразени примероци. Овој метод е  евтин, и може да се користи во земји каде што недостасуваат тестови.

foto freepik

Слично

Поврзани вести