Економија, финансии, бизнис

Контакт

Холандски експерти денеска треба да стигнат на местото каде падна авионот MH17

Холандски експерти денеска треба да стигнат на местото каде падна авионот MH17

Група од 30 холандски медицински и правни експерти денеска ќе дојдат на местото каде на истокот од Украина паднал малезискиот патнички авион MH17, соопштуваат холандските власти.

- Се очекува дека екипата ќе пристигне во текот на денот - се наведува во соопштението на холандското министерство за правда.

Договорот за доаѓањето на холандските експерти го постигнаа ОБСЕ и проруските бунтовници кои ја држат под контрола зоната каде падна малезискиот авион.

Кабинетот на малезискиот премиер Наџиб Разак денеска исто така соопшти дека со проруските сепаратисти е постигнат договор за доаѓањето на местото на несреќата на припадниците на меѓународната полиција, кои ќе им обезбедат заштита на меѓународните истражувачи.

 Авионот со 298 луѓе е соборен на 17 јули на истокот од Украина, над подрачјето каде се водеа жестоки борби помеѓу проруските бунтовници и украинската војска. Никој од патниците и членовите на екипажот не преживеа. Уште не е потврдена причината за падот на авионот.

Слично

Поврзани вести