Холандија тоне во рецесија
Холандската национална агенција за економска политика соопшти дека стопанството на оваа земја следната година ќе падне во рецесија. Според прогнозата на Бирото за економска анализа, стопанската активност во 2013-та година ќе опадне за 0,5 одсто, наместо да порасне за 0,75 одсто како што претходно беше прогнозирано.
Народната банка на Холандија минатата недела најави дека падот ќе изнесува 0,6 одсто. Бирото и Народната банка се согласуваат дека буџетскиот дефицит на земјата наредната година ќе биде поголем од 3 одсто, што е над прописната граница на ЕУ.
Холандскиот министер за финасии изјавил дека нема намера да предложи ревизија на буџетот, кој предвидува мерки на штедење во вид на покачување на данокот и намалување на трошоците.
Слично
