ХОЛАНДИЈА ЈА ВРАЌА ПРЕПОРАКАТА ДА СЕ РАБОТИ ОД ДОМА: Бројот на заразени надмина 10.000, прв пат по половина година
Холандија ја
враќа препораката да се работи од дома поради зголемување на инфекции со корона
вирусот само неколку недели по укинувањето на мерките, изјави премиерот Марк
Руте пред парламентот.
Холандија минатиот петок повторно воведе ограничувања за работата на баровите, рестораните и ноќните клубови за да се спречи ширењето на инфекцијата меѓу младите, само две недели по укинувањето на мерките за затворање бидејќи падна бројот на заразени. Препораката за работа од дома не е задолжителна и важи само за оние кои можат да работат од дома. Холандија ги укина повеќето од мерките на 26 јуни, бидејќи бројот на инфекции нагло падна со забрзаната вакцинација.
Но, вчера на пратениците во парламентот им беше прекинат летниот одмор заради итна дебата за скок од шест пати на нови инфекции што во средата надмина 10.000, првпат по половина година.
„Се враќаме на старата препорака“, рече Руте пред пратениците во холандскиот Парламент.
Холандската влада откажа повеќедневни фестивали и преполни настани како дел од ограничувањето што ќе важи до 14 август.
