Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХОЛАНДИЈА ГО НАДМИНУВА ТОКИО: Го гради најголемиот паркинг за велосипеди во светот

ХОЛАНДИЈА ГО НАДМИНУВА ТОКИО: Го гради најголемиот паркинг за велосипеди во светот

На крајот на август под централната станица на холандскиот град Утрехт започна да работи првиот дел од паркинг за велосипеди, кој по завршувањето на изградбата во 2018 година ќе биде најголем во светот. Во моментов има 6000 места за паркирање, а идејата е да се направат 12.500 по година и пол.

Вкупната инвестиција во проектот, кој има за цел да го реши проблемот со промискуитетнoто оставање на велосипеди пред железничката станица и на други места во градот, е во висина од 40 милиони евра. Градските власти сметаат дека нема да има таков во светот на крајот на изградбата, и ќе го замени Токио, кој во моментов има најголем паркинг за велосипеди.

Холандија е земја со најмногу велосипеди. Според податоците на Гардијан, едно лице во земјата има 1,3 велосипеди или над 22 милиони велосипеди низ целата земја. Утрехт не е во првите 5 европски градови со најмногу велосипедисти, но градот е релативно густо населен. Живеат 344.000 луѓе кои се движат главно на две гуми.

Местото за изградба на паркингот е избрано и поради стратешката локација во градот. Таа е поврзана со велосипеди и улици, и има директен пристап до платформите преку лифтови и скали.

Првите 24 часа користење се бесплатни и 1,25 евра секој следен ден.

"Ова е несакан ефект на успехот на велосипедот во нашите градови", рекол општинскиот советник Лот ван Хујдон. "Среќни сме што толку многу луѓе возат велосипеди, но тоа создава огромни предизвици за градот, особено во областа на железничката станица".

Поради постојано растечкиот број велосипеди во Холандија властите вложуваат милиони евра во модерни капацитети за паркирање, за одржување на велоалеи, отстранување на пречки, собирање на напуштени или неправилно паркирани велосипеди.

Хаг планира гаража за 8500 велосипеди, а Амстердам (835 000 жители и 847 000 велосипеди) развива проекти за паркирање на илјадници велосипеди под реката Амстел, а повторно овие објекти ќе се поврзани со централната станица.

Сериозни проблеми во Амстердам создаваат самите сопственици - минатата година се собрани близу 24 000 напуштени велосипеди, а 40 000 се отстранети од улиците за неправилно паркирање.

Слично

Поврзани вести