Хојт Ји гарантира американска поддршка за договорот меѓу Македонија и Бугарија
САД дава целосна поддршка за договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија бидејќи како за двете земји тој е многу важен за целиот регион. Тоа е главната порака на заменик-помошник државниот секретар на САД Брајан Хојт Хи кој се сретна со вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева. Двајцата политичари разговараа во Словенија во рамките на Бледскиот стратешки форум.

- Едно од најголемите достоинства на тој договор е што тој беше изработен без странска помош, па така покажавме дека можеме самите да си ги решавме проблемите и без посредници, истакна Захариева.
Се надеваме дека со тој договор ќе се создаде подобна атмосфера во која Република Македонија ќе ги подобри односите и со другите соседи, додаде американскиот претставник.
Според Ји и Захариева актуелната политичка ситуација во регионот со подобрува со иницијативите на Бугаруја во надворешната политика и заложбите за постигнување на енергична диверзификација на Балкнот.

Договорот е веќе ратификуван од двете земји кои драстично ги затоплија односите и сега се очекува Бугарија значително да и помогне на Македонија што побрзо да стане членка на НАТО и ЕУ.
