Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ходорковски: Режимот на Путин демонстративно изгради нелегитимна и држава на беззаконие

Ходорковски: Режимот на Путин демонстративно изгради нелегитимна и држава на беззаконие

Никаде нема гаранции за безбедноста на инвестициите, но режимот на Владимир Путин демонстративно изгради нелегитимна и држава на беззаконие, изјави за „Политко“ поранешниот руски магнат Михаил Ходорковски. 

Минатиот вторник, Путин со декрет ѝ дозволи на владата да ја преземе контролата врз имотот во сопственост на странски фирми и поединци од „непријателските нации“ – долга листа што ги вклучува САД, Велика Британија, целата ЕУ и сите земјите членки на Г-7.

Според Ходорковски, новиот закон што ѝ овозможува на Русија да ги заплени енергетските компании во странска сопственост треба да биде последно предупредување за западните фирми да ги намалат своите загуби и да го напуштат овој пазар засекогаш.

„Повлекувањето на средствата требаше да започне многу одамна, дури и пред војната. Но, на 24 февруари 2022 година, сигурно требаше да се донесе одлука“, изјави Ходорковски.

Први на мета на новиот руски закон беа фирмите во сопственост на германската енергетска компанија „Унипер“ и финската „Фортум“.

Тврдејќи дека Москва презема само „привремена“ контрола врз секојдневното управување со фирмите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека тоа ќе помогне да се создаде фонд на средства што Москва би можела да ги одземе како одмазда за рускиот имот запленет од европските влади.

Во меѓувреме, германската компанија за нафта и гас „Винтершал“ предупреди дека иако има намера да ги дивестира своите акции во сибирското производство на нафта и гас, правилата бараат одобрување од Кремљ за тоа, што значи дека извлекувањето на нејзините средства ќе биде тешко.

Голем број западни енергетски компании веќе најавија целосно заминување од Русија по инвазијата на Украина, вклучително и норвешкиот „Еквинор“ и американскиот нафтен и гасен гигант „Ексон мобил“. Други, вклучувајќи ги „Шел“, БП, „Тотал енерџис“ и „Винтершал“ ја објавија својата намера за целосно или делумно напуштање на пазарот, но условите за нивното излегување сè уште се разработуваат.

Поради руската инвазија на Украина многу фирми си заминаа од Русија. 

Германската компанија Хенкел, еден од водечките светски производители на хемикалии за домаќинство и индустриски производи, целосно го напушти рускиот пазар.

Слично

Поврзани вести