Ходорковски: Путин има влијание во Австрија, а преку Србија ќе го дестабилизира Балканот
Руски опозиционер тврди дека Русија сака немири на Балканот.
„Путин преку Србија ќе го дестабилизира Балканот“, вели рускиот опозиционер Михаил Ходорковски.
Вели дека рускиот претседател сака да им го отежне животот на Европејците. Додаде и дека Русија има големо влијание врз Австрија.
„За среќа, Русите се идиоти. Тие го пробаа тоа во Црна Гора и ја оттурнаа таа земја од нив, го загубија своето влијание. Но, не можете секогаш да сметате на фактот дека тие секогаш ќе бидат идиоти. По санкциите, влијанието на Русија стана помало. На пример, во Германија. Но, десничарските партии се природни партнери на Путин. Тој го знае тоа. И бидејќи гласачите на радикалната десница обично го поддржуваат Путин, тие не ја губат поддршката ако Путин започне војна. Ова треба внимателно да се следи“, објаснува Ходорковски за виенскиот дневен весник „Стандард“.
Кажа дека со оглед на бројот на професионални убијци на спиење, на Путин му е многу полесно да убие некого во Австрија отколку во која било друга европска земја.
Опозиционерот претходно изјави дека Русија после Путин може да биде како Југославија.
Тој во септември лани повика на соборување на Путин од власт.
