Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХОДОРКОВСКИ: Како е можно 71-метарската јахта на Путин да се закотви во бродоградилиште во земја на НАТО?

ХОДОРКОВСКИ: Како е можно 71-метарската јахта на Путин да се закотви во бродоградилиште во земја на НАТО?

Рускиот тајкун и азилант Михаил Ходорковски тврди дека јахтата на рускиот претседател Владимир Путин се наоѓа во НАТО земја. 

„Јахтата „Викторија“ на рускиот претседател Владимир Путин долга 71 метар е на ремонт во пристаниште во Истанбул“, пишува Ходорковски на мрежата Икс. 

Според него, јахтата се закотвила таму пред еден месец откако го напуштила црноморскиот град Сочи. Сега се наоѓа во општината Тузла во Истанбул.

„Како е можно 71-метарската јахта на Путин да се закотви во бродоградилиште во земја на НАТО?“, прашува Ходорковски.

Кажа дека неговата платформа „Досие Центар“ ја препознала јахтата со натписот „V“ на трупот.

Ходорковски пред 20 години беше најбогатиот Русин, но го загуби најголемиот дел од своето богатство во бизнисот со нафта затоа што му се спротивстави на Путин. Одлежа 10 години во затвор, а потоа се пресели во Лондон.

Воениот симбол „V“ може да се види на многу руски воени возила, слично како натписот „Z“. Ходорковски го критикуваше Путин, но и тврдеше дека Русија во иднина може да се распадне. Рускиот државен врв постојано упатува навреди и закани кон земјите членки на НАТО. 

foto printskrin X

Слично

Поврзани вести