(ХИТ ВИДЕО) Претседател заглавил во сообраќајна гужва, потегот што го направил е несекојдневен
Никој не успева да ја избегне озлогласната сообраќајна гужва во Џакарта и другите градови на островот Јава, па дури ни индонезискиот претседател Јоко Видодо, кога во четвртокот „заглавил“ во еден таков „сообраќаен џеб“ излегол од службеното возило и испешечил два километри за на време да стигне на воената поворка.
После половина часа чекање во автомобилот претседателот одлучил патот да го продолжи пеш до местото на кое се одржувала свеченоста, рекол неговиот личен телохранител.
Необичната глетка веднаш ја пренесоа социјалните мрежи.
На видеото се гледа како претседателот оди низ градот обиколен со соработниците и чувари а минувачите и возачи на автомобили го поздравуваат.
Walk this way: Indonesia traffic jam forces president out of car #JokoWidodo pic.twitter.com/w8Al7GbIOX
— AFP news agency (@AFP) October 5, 2017
