ХИПЕРСОНИЧНИ КРСТОСУВАЧКИ РАКЕТИ ОД ТИПОТ ЦИРКОН - Путин се пофали дека ги добиваат следниот месец, руската морнарица ќе има нова доктрина
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека руската морнарица следниот месец ќе добие хиперсонични крстосувачки ракети од типот Циркон.
Говорејќи во Санкт Петербург на прославата на Денот на руската морнарица, тој рече дека полето на употреба на циркон „ќе зависи од руските интереси“.
Тој рече и дека наскоро ќе биде воведена нова поморска доктрина на Русија, која се однесува на границите и областите од национален интерес.
„Ние отворено ги дефинираме границите и областите на руските национални интереси, виталните стратешки области. Пред сè, тоа се водите на нашиот дел од Арктикот, Црното, Охотското и Берингово Море, Балтичкиот и Курилскиот Проток. цврста заштита со сите средства“, рече Путин.
Слично
