Економија, финансии, бизнис

Контакт

Hilton сака да заработи 2,7 милијарди долари

Hilton сака да заработи 2,7 милијарди долари
Хотелскиот ланец Hilton планира да собере милијарди долари со своето прво јавно наддавање. Планираат да продадат  дури 130 милиони акции по цена во сооднос од 18 - 21 долар, објави ланецот кој е во сопственост на финансискиот инвеститор Bottom of Form Blackstone. Така, во најдобриот случај корпорацијата може да заработи од своето берзанско деби дури 2,7 милијарди долари. Како целина, 13 проценти од акциите на хотелкиот ланец ќе бидат ставени на пордажба. Тоа ќе биде најголемото јавно наддавање на хотелски ланец и трето по големина во САД оваа година. Со парите Hilton сака да исплати дел од својот долг. Blackstone планира да го искористи наддавањето за едно прво излегување од компанијата и ќе добие во најдобар случај околу половина од приходите. Американскиот финансиски инвеститор го купи Hilton во 2007г., малку пред колапсот на балонот за живеење во САД и избувнувањето на финансиската криза за рекордна цена од 26 милијарди долари, вклучувајки ги и долговите. Целта беше на брендот да му се внесе нов живот, а дел од задачата на компанијата за приватен капитал беше да ја врати некогашната големина на Waldorf Astoria. Со наддавањето Blackstone сака да искористи од обновувањето на пазарите на недвижен имот и берзите. Кон компанијата основана во 1919г. од Конрад Хилтон компанијата сега поседува 4000 хотели со 650 000 соби во 90 земји. Десет хотелски марки се обединети под ист чадор - луксузни хотели како Waldorf Astoria , како и места за сместување на бизнисмени од марката Double Tree до поевтините Hampton. Во 2012г. Hilton изброи 9,3 милијарди долари приход од продажба и заработка од 352 милиони долари. За шестте месеци до Јуни, Hilton забележа заработка од 189 милиони долари при општи приходи од 4,6 милијарид долари наспрема соодветната заработка од 260 милиони долари и приходи од 3,9 милијарди долари за истиот период во 2007г. К.К.    
Слично

Поврзани вести