Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хилари оздраве, подготвена за прво соочување со Трамп

Хилари оздраве, подготвена за прво соочување со Трамп
Хилари Клинтон соопшти дека нејзината здравствена состојба се подобрува и дека е подготвена да се врати на претседателската кампања каде за две недели ја очекува првата дебата против Доналд Трамп. Таа за малку ќе колабираше на настан за одбележување на терористичките напади на 11 септември во Њујорк по што беше соопштено дека има пневмонија. „Како и сите кои некогаш тагувале по работата, едноставно сум нетрпелива да се вратам. Се гледаме во предизборната турнеја наскоро“, соопшти Хилари Клинтон.   Кон крајот на септември ќе се одржи и првиот телевизиски дуел со Доналд Трамп кој веќе ја претвори кампањата во реално шоу па нивното соочување се најавува како голем телевизиски спектакл.
Слично

Поврзани вести