Хилари Клинтон со 3% предност пред Доналд Трамп
Хилари Клинтон, која е кандидат за претседател на Демократската партија, води со помалку од 3% пред својот опонент од Републиканската партија Доналд Трамп. Ова го покажува истражувањето на Reuters/Ipsos објавено во петокот.
Онлајн анкетата е спроведено во периодот меѓу 31 јули и 4 август. Во анкетата учествувале 1154 лица. Резултатите покажуваат дека 42% од гласачите би ја поддржале Клинтон, додека 39% би го дале својот глас за Трамп.
Хилари Клинтон изгуби 5% од поддршката на гласачите од понеделник до петок, покажува уште студијата. Причините за тоа, меѓутоа не се јасни.
Податоците од друга анкета, спроведена од Real Clear Politics на 1 август, покажуваат дека Клинтон имала 3,9% предност пред Трамп, додека во петокот вечерта веќе водела со 6,8%, пишува Фокус.
При претходната анкета на Reuters, спроведена во почетокот на јули, кандидатот на демократите водеше со 13% предност пред бизнисменот од Њујорк.
