Хилари Клинтон со 2 милиони лажни следбеници на Твитер
Најновите информации за Хилари Клинтон ќе и додаде уште непријатност во нејзината предизборната кампања, откако во вторникот објавија дека голем број од фановите на нејзинито Фејсбук се повеќето купени. Кандидатот за претседател на САД, Хилари Клинтон има 2 милиони лажни следбеници на Твитер, објави „Дејли мејл“. Поранешната прва дама на САД тврди дека има 3,6 милиони следбеници на социјалната мрежа.
Според една од најпопуларните агенции за мерење на рејтинг не повеќе од 44% од нејзините подржувачи се активни и ги користат можностите за контакт.
Во случајот со Хилари барем 15 проценти, или над 544 000, се апсолутно лажни. „StatusPeople.com“ која е најстарата јавно достапна агенција за ревизија на Твитер, објави дека 44% од подржувачите на поранешниот државен секретар се „добри“, 15 отсто се „лажни“, а останатите 41% „не се активни“ што значи дека тие никогаш не добиле или пратиле пораки.
За споредба, само 4% од следбениците на Твитер на претседателот Барак Обама се оценети како лажни.
Белата куќа вложи напори да се исчистат повеќето од нив, откако во септември 2013 година се покажа дека повеќе од половина следбеници се лажни.
