Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хилари Клинтон и подаде рака на Русија за сојуз против „Исламска држава“

Хилари Клинтон и подаде рака на Русија за сојуз против „Исламска држава“

Кандидатката за претседател на САД Хилари Клинтон во интервју за CBS изјавила дека би сакала Русија да соработува со САД во борбата против „Исламска држава“.

„Ние треба да се откажеме од лажниот избор меѓу тоа да се бориме со Асад и да се бориме со ИД. Јас мислам дека го можеме да направиме и едното и другото, да ја разјасниме ситуацијата и да ги поканиме Русите за соработка“- изјавила Клинтон.

„Русите платија висока цена поради бомбата во Шарм ел Шеик, тие загубија луѓе заради Исламските џихадисти“, потсетува Клинтон.

„Јас би им рекла: на нас ни е потребна ако не вашата поддршка, тогаш барем отстапки за нашите активности во борбата со ИД“, истакнала таа.

Според неа, во сегашниот момент не може да си ги претстави околностите поради кои би испратила американски војници во Ирак или Сирија.

Слично

Поврзани вести