Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хилари Клинтон е болна од пневмонија, Трамп „пука“ од здравје

Хилари Клинтон е болна од пневмонија, Трамп „пука“ од здравје
Доналд Трамп како да знаеше дека здравјето на Хилари Клинтон не е во најдобар ред и во два наврата упорно ги убедуваше медиумите дека е сосема физички здрав со приказ на систематските прегледи од неговиот личен лекар. Тоа му даде голема предност бидејќи противкандидатката Хилари Клинтон за време на одбележувањето на терористичките напади на 11 септември колабираше и нејзиното обезбедување мораше итно да ја пренесе во болница. Од штабот на Клинтон соопштија дека таа боледува од пневмонија и дека исцрпната претседателска кампања и ја одзела енергијата. Трамп иронично порача дека се надева Хилари брзо ќе оздрави и што побрзо ќе се врати пред американските гласачи кои треба да го направат изборот за претседател во ноември. Исто така повторно потсети дека тој имал совршен систематски систем, а на Хилари и недостасувала енергија.
Слично

Поврзани вести