Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хилари Клинтон до Путин: Проширувањето на НАТО е последица на руската политика

Хилари Клинтон до Путин: Проширувањето на НАТО е последица на руската политика

Екс американската државна секретарка Хилари Клинтон упати порака до рускиот претседател Владимир Путин. 

Таа за време на својот говор во Стејт департментот му се обрати на Путин посочувајќи дека проширувањето на НАТО е последица на руската политика, пренесува „Ројтерс“.

„Штета, Владимир. Ти го направи ова сам“, рече таа.

Клинтон изјави дека луѓето сами избираат начин за влез во НАТО.

Претходно, американскиот претседател Џозеф Бајден го нарече рускиот претседател Владимир Путин диктатор. 

За изјавата на Клинтон реагираа од Кремљ. 

„Клинтон е меѓу нас позната по нејзините обиди сѐ да преврти наопаку и да ги преврти тезите“, рече портпаролот на Кремљ,  Дмитриј Песков. 

Песков вели дека што се однесува до редоследот на дејствијата на Владимир Путин, веројатно е неопходно да се потсети на Клинтон на бројните бранови на проширување на НАТО и приближувањето на воената инфраструктура на Алијансата до границата со Русија.

Слично

Поврзани вести