Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хилари Клинтон бара САД да прифати повеќе бегалци

Хилари Клинтон бара САД да прифати повеќе бегалци
Поранешната американска државна секретарка и „прва дама“ на САД, Хилари Клинтон бара земјата да прими поголема бројка на бегалци.

Таа предлага САД да прими 60 000 бегалци, наместо најавените 10 000 кои за кои беше ветено дека земјата ќе ги прифати во текот на годината.

„ Се соочуваме со бегалска криза полоша и од онаа во Втора светска војна и сметам дека САД мора да направи нешто повеќе околу тоа. Добар старт би било наместо 10 000 илјади државата веднаш да прифати 65 000 бегалци. “ – вели Клинтон.

Пред два дена и германската канцеларка Ангела Меркел апелираше САД да прими повеќе баратели на азил, во време кога Европа не може сама да се соочи со ситуацијата.

Слично

Поврзани вести