Хилари и Бил Клинтон имаат заработено во 2014 година над 25 милиони долари
Откако Хилари Клинтон ја напушти функцијата државен секретар во 2013 година, нејзиниот хонорар за одржување на еден говор стига до 250 000 долари.
Хилари и Бил Клинтон имаат заработено над 25 милиони долари од одржување над 100 говори меѓу јануари 2014 и мај 2015 година, пренесоа светските агенции, кои се повикуваат на имотни декларации на семејството поднесени пред Федералната изборна комисија.
Деталите за изјавите беа пријавени од анонимниот претставник на изборниот тим на Хилари Клинтон. Се очекува соджината да биде официјално објавена подоцна денес.
Хилари Клинтон, која е водечки кандидат на Демократската партија за нејзината номинацијата за претседателските избори во 2016 година, исто така добила 5 милиони долари од продажбата на книгата нејзините "Тешки одлуки", која излезе во јуни 2014 година
Откако Хилари Клинтон ја напушти функцијата државен секретар во 2013 година, нејзиниот хонорар за одржување на еден говор стига до 250 000 долари.
Таа ја започнува втората кампања за претседател, претставувајќи се како поборник за луѓето од средната класа, но одамна е критикувана од републиканците дека таа и сопругот се стекнаа со суштинско богатство, откако ја напуштиле Белата куќа, вклучувајќи од шестцифрени хонорари за нивните говори забележува АП.
