ХИДРОГЕНСКАТА БОМБА ГИ ЗАОСТРИ ОДНОСИТЕ: Дали на светот му се заканува нуклеарна катастрофа?
„Ризикот од нуклеарна катастрофа е повисок отколку што беше за време на Студената војна, а покрај тоа тој постојано се зголемува” – смета поранешниот американски секретар за одбрана Вилијам Пери.
Пери , кој беше на чело на Пентагон од 1 994 до 1 997 , го коментираше тоа што Северна Кореја тестирала хидрогенска бомба. По тој повод, тој изјави дека нуклеарната програма на Пјонгјанг е еден од глобалните фактори на ризик.
Покрај тоа, тој наведува дека постои можност и од „нуклеарна размена” меѓу САД и Русија, која според него ќе биде предизвикана од недоразбирање. Пери укажува и на можноста за сајбер- напади, а и за тензии меѓу Индија и Пакистан.
Инаку, по објавата за успешното тестирање на хидрогенската бомба, советот за безбедност на ОН свика итен состанок, на кој земјите-членки се согласија дека ќе следат низа санкции против Северна Кореја.
Јапонија и Британија денеска посочија дека меѓународната заедница треба цврсто и брзо да одговори со соодветни мерки.

