Хибридните автомобили надеж за Кина, државни субвенции за сите
Кина го „затоплува" односот кон хибридните автомобили, а локалните производители ќе направат обид да го развијат овој пазар на кој доминираат јапонските конкуренти, пренесоа агенциите.
Неколку автомобилски компании, меѓу кои државните „SAIC Motor Corp“ и „Brilliance Auto“, работат на технологијата за заштеда на гориво, која беше развиена и воведен од Тојот и моделот Приус пред две децении. „BYD Co“, кинескиот производител на батерии и автомобили, во кој удел има и Ворен Бафет, развива и сопствена технологија за автомобили на бензин и струја.
„SAIC“ планира да лансира моделот „Roewe 550“ во наредните месеци, откако во 2011 година го претстави „Roewe 750“.„ Brilliance Auto“ почна масовно производство на „FSV“. „Great Wall Motor Co“ се очекува да го претстави својот прв зелен автомобил следната година.
Зголемувањето на државните субвенции за конвенционалните хибриди може да даде добар почетен поттик во Кина во однос на т.н. „нова енергетска политика" во производството на автомобили . Целта е до 2015 година во земјата да се движат најмалку половина милион хибридни возила, а до 2020 година нивниот број да достигне 5 милиони
Минатата година во Кина биле продадени само 12 791 вакви возила, според податоците на Кинеската асоцијација на автомобилски производители.
Државни субвенции за производство на хибриди
За да оддалечи Кина од фосилните горива и да се намали загадувањето на воздухот, Пекинг понуди дарежливи стимулации за купување на автомобили од новата генерација. Тригодишната владина програма заврши минатата година, но се очекува да биде обновена, а субвенциите - зголемени.
Во рамките на програмата, купувачите на автомобили со комбиниран бензин-електричен мотор добиваа државен поттик во износ од 3 илјади јуани, а за целосно електричните автомобили - 60 илјади јуани. Според претставник на висок раководител на автомобилската компанија, кој побарал анонимност, овие суми ќе бидат значително зголемени.
Слично
