Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХИБРИДНИ ЗРНА ПОЛНИ СО ПРОТЕИНИ: Ориз со говедски клетки е направен во лабораторија

ХИБРИДНИ ЗРНА ПОЛНИ СО ПРОТЕИНИ: Ориз со говедски клетки е направен во лабораторија

Ориз со говедски клетки e направен во лабораторија. Научниците создале хибридни зрна полни со протеини. Сепак, прашањето е колку луѓе воопшто ќе сакаат да пробаат лабораториски говедски ориз, со оглед на тоа што ниту една слична храна од епрувета не е особено популарна.

Во последниве години, научниците развија различни алтернативи на вообичаената храна, од пилешко во епрувета до печатени протеински плескавици. Јужнокорејските истражувачи сега отидоа чекор понатаму создавајќи хибридна храна, клетки од говедски мускули и маснотии кои се одгледуваат во зрната ориз.

Методот е претставен во списанието „Matter“, а како што е пишува „ЕурекАлерт“ (EurekAlert), резултатот е „хранливо силна и вкусна хибридна храна“. 

Фото: Yonsei University / Ferrari / Profimedia

Слично

Поврзани вести