Хезболах: Зад ИСИЛ стојат ЦИА и Мосад
Израел е единствената земја која не е погодена и која ИСИЛ не ја смета за закана, порачал лидерот на Хезболах Хассан Насралах.
Лидерот на либанскиот Хезболах шеикот Хассан Насралах во говорот пред неколку стотици следбеници во Бејрут рекол дека зад групата на Исламската држава Ирак и левант стои американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) и израелскиот Моссад, и дека припадниците на ИСИЛ служат за нивните интереси.
Тој истакнал дека Израел е единствената земја која не е погодена и која ИСИЛ не ја смета за закана, порачал лидерот на Хезболах Хассан Насралах.
Насралах во Бејрут остро го осудил погубувањето на 21 Египќани во Либија, на кои главите им ги отсекле борците на групата на Исламската држава Ирак и Левант.
Тој ги повикал регионалните влада да соработуваат во борбата против ИСИЛ, чии злосторства, како што укажал се „закана за целиот универзум“.
Хезболах, шиитската група која ја има поддршката на Иран, испратила илјадници свои војници во Сирија како поддршка на силите на претседателот Башар ал Асад. Таа се спротивставува на сунитските бунтовници, како Исламската држава на Ирак и Левант.
Шефот на Хезболах рекол денеска за прв пат дека неговото силно шиитско движење, веќе е ангажирано во војната во Сирија, и се бори исто така и во Ирак против ИСИЛ.
„Сите оние кои не повикуваат да се полечеме од Сирија, јас им одговарам: Ајде сите во Сирија. Разговаравме и претходно за Ирак, но ние имаме ограничено присуство откако земјата поминала низ многу чуствителната фаза“, рекол Хассан Насралах во одговорот кој е пренесен на голем екран за следбениците кои се собрале во јужното предградие на Бејрут.
