ХЕЗБОЛАХ МОЖЕ ДА СЕ РАЗОРУЖА: За ова Либан му испорача услови на Израел
Бејрут има неколку барања за Тел Авив.
Либан бара повлекување на Израел од либанска територија, за да може да биде исполнето барањето на американскиот пратеник за разоружување на проиранското движење Хезболах, изјави неименуван либански претставник.
Амбасадорот на САД во Турција и специјален пратеник за Сирија, Томас Барак, при посетата на Либан на 19 јуни, побара разоружување на Хезболах и либанските власти да имаат монопол над оружјето.
По завршувањето на војната помеѓу Израел и Хезболах во ноември 2024 година, либанските власти тврдат дека ја отстрануваат воената инфраструктура на Хезболах. Но, Израел продолжи со нападите врз цели на Хезболах и ја обвинува либанската Влада дека не прави доволно за разоружување на оваа група.Договорот за прекин на огнот предвидува Хезболах да ги повлече своите сили и да ја отстрани целата воена инфраструктура јужно од реката Литани, на околу 30 километри од израелската граница. Додека Израел треба да ги повлече своите сили од либанска територија, но да задржи пет гранични пунктови што ги смета за стратешки.
Фото: EPA-EFE/WAEL HAMZEH
