Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХЕРСОН: Руската војска се повлекува од западниот брег на Днепар

ХЕРСОН: Руската војска се повлекува од западниот брег на Днепар

Руските сили веројатно ќе се повлечат од западниот брег на Днепар, од каде што во изминатите недели се евакуираа цивили. Ова го објавија  проруските власти во окупираниот регион Херсон. 

„Нашите единици, нашите војници, веројатно ќе се префрлат на левиот брег на Днепар“, изјави заменик-шефот на проруската управа на Херсон, Кирил Стремусов.

Украинците ги бомбардираа и оштетија сите клучни премини преку реката, поради што постоеше опасност руските сили да останат отсечени.

Стремусов ги повика и преостанатите жители да го напуштат Херсон. Украинската војска неодамна соопшти дека нема докази дека руските сили се повлекуваат, туку дека ги зацврстуваат своите позиции и се подготвуваат за одбрана на градот.

Украина не се откажува од своите територии. Инаку, Русија ги анектираше Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје. Но, светот ја осуди оваа анексија на украински територии. Војната почна на 24 февруари годинава. 

фото Твитер

Слично

Поврзани вести