Хероинска епидемија ја тресе Англија, предозирања и смрт
Англија прераснува во новото хероинско жариште во Европа со барем десетина смртни случаи како резултат на предозирање од оваа опасна дрога. Здраствените власти ургираат што побрзо владата да дозволи испорака на лекот „налоксон“ со кој се блокира опијатот во хероинот да се не стигне до рецепторите во мозокот и се ослободуваат белите дробови со што кислородот стигнува до виталните органи.

Во Англија „налоксонот“ не е широко достапен иако чини само 15 фунти. Со негова употреба итната медицинска служба и полициските единици ќе може брзо да реагираат кај зависници од хероин кои се предозирале и да им го спасат животот, како и да воведат програма со негова достава директно до зависниците.
Од една страна постои ризик дека најтешките зависници од хероин по само неколку часа со третманот на „налоксонот“ повторно ќе се дозираат, но барем ќе се намалат трошоците за итни реакции, аутопсии и ангажман на безбедносните служби. Се додека не се спроведат реформи во третманот на зависниците бројките на предозирање ќе растат, оценуваат експертите.
