„Хералд Трибјун“ се преименува во „Интернешанл Њујорк Тајмс“
Весникот „Интернешанл Хералд Трибјун“, еден од најдолготрајние брендови во историјата на новинарството, наскоро ќе се преименува во „Интернешанл Њујорк Тајмс“.
Одлуката за промена на името е дел од напорите на медиумската група „Њујорк тајмс“ да го прошири присуството на весникот надвор од границите. Новото име ќе почне да се користи во текот на оваа година, а весникот планира да ангажира уште коментатори и репортери.
Генералниот директор Марк Томпсон во писмена изјава истакна дека анализата извршена од страна на компанијата покажала потенцијал за зголемување на читателите и надвор од САД.
Медиумската групација „Њујорк Тајмс“, која е сопственик на весниците „Њујорк Тајмс“ и „Интернешанл Хералд Трибјун“, што се издава во Париз, во последниот квартал од минатата година оствари приход од 468 милиони долари, што е шест отсто повеќе отколку во истиот период од 2011 година.
Минатата недела холдингот соопшти дека ќе го продаде весникот „Бостон Глоуб“, со цел повеќе да се посвети на брендот „Њујорк Тајмс“
Слично
