Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХЕМИСКО ОРУЖЈЕ: Дали ИСИС е способна да го произведе?

ХЕМИСКО ОРУЖЈЕ: Дали ИСИС е способна да го произведе?

По се почестите напади на Исламската Држава, која покажува дека е спремна да изведе синхронизирани терористички акции со современо оружје, се поставува прашањето дали џихадистите се способни да произведат и хемиско оружје.

По терористичките напади во Париз, во кои загинаа 129 лица, францускиот премиер Мануел Валс повторно го предупреди светот.

„Знаеме и имајте на ум дека постои ризик од хемиско и бактериолошко оружје“, рече Валс пред француските парламентарци.  „Не смееме ништо да исклучиме“.

До сега, курдските претставници неколкупати ги обвинуваа борците на ИСИС дека се обидуваат да дојдат до хемиско оружје од Ирак и Сирија.

„Во Мосул и Рака постојат лаборатории, кадешто интензивно се работи на производство на хемиско оружје“, изјави во интервјуто за Гласот на Америка, Лахур Талабани од Курдистантската регионална владина разузнавачка агенција.

Американските претставници пак велат дека се загрижени за ова прашање, но од друга страна се и скептици дека ИСИС е толку моќна да прозиведе сама толку смртоносно оружје.

„Нема да биде изненадување ако ИСИС излезе со некакво оружје базирано на хлор и тоа користејќи материјал што веќе е на располагање. Но сепак, ќе треба да помине многу време меѓу едно такво оружје и реална програма за хемиско оружје“. “ - изјави претставник за контратероризам на американската Влада за Гласот на Америка.

Инаку, Организацијата за забрана за користење на хемиско оружје, веќе донесе заклучок дека вакво оружје се употребило во борбите во август во Мареа, Сирија, во коишто учествувале борци на ИД.

Слично

Поврзани вести