Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хемиски напад на воена база во САД- Три лица хоспитализирани

Хемиски напад на воена база во САД- Три лица хоспитализирани

Откако во американската воена база Арлингтон во Вирџинија било отворено писмо кое содржело „непозната материја“ 11 лица се пожалиле на здравствени тегоби. Од нив 3 лица се хоспитализирани. 

Писмото во кој имало „непозната материја“ беше примено во делот во кој е стациониран Маринскиот корпус во близина на Вашингтон.

„Некој го отворил писмото и на сите во канцеларијата им се слошило, изјави портпаролка на здружената база „Маер-Хендерсон хол“, Леа Рубалкаба.

Текстот на писмото содржел навредлива содржина која била упатена до командантот на базата.

„Во базата е примен коверт кој содржел непозната супстанца. Персоналот во загрозената зграда веднаш презел превентивни мерки и го евакуира објектот. Неколку маринци сеуште добиваат медицинска нега како резултат на овој инцидент. Во овој момент нема дополнителни детали бидејќи истрагата е во тек “, соопшти Маринскиот корпус, Мајкл Брајан Блок  на Твитер.

Инцидентот се случил околу 3:30 часот изутрина, во зградата 29, позната како база „Маер-Хендерсон хол“, каде што работат маринци и цивили.

Слично

Поврзани вести