Економија, финансии, бизнис

Контакт

ХЕЈЛИ НАПИША НА ИЗРAЕЛСКА ГРАНАТА: Докрајчете ги!

ХЕЈЛИ НАПИША НА ИЗРAЕЛСКА ГРАНАТА: Докрајчете ги!

Екс амбасадорката на САД во ОН и поранешна кандидатка за претседателска номинација, Ники Хејли, напишала брутална порака додека била во обиколка на областа на северната граница на Израел со Либан.

Таа е снимена како пишува „Докрајчете ги!“ на израелска граната, објави Франс прес. Фотографијата на платформата X ја објави Дани Данон, член на израелскиот парламент и поранешен амбасадор во ОН, кој ја придружувал Хејли за време на посетата.

На фотографијата се гледа како Хејли пишува на граната со виолетов маркер. Хејли беше амбасадор на САД во ОН за време на мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп.

Инаку, на 7 октомври лани палестинската терористичка група Хамас го нападна Израел. Војната уште трае. 

Слично

Поврзани вести