Heinz и Kellogg си одат, а Cisco инвестира 4 милијарди долари во Канада
Cisco Systems ги откри планoвите да инвестира 4 милијарди долари за проширување на својот персонал во канадската провинција Онтарио . Големата инвестиција ќе биде поддржана од локалната власт со 220 милиони долари, пишува WBP Online .
Неколкуте илјади нови работни места ќе бидат создадени најмногу во областите на истражување и развој, велат од технолошка компанија.
„Оваа иницијатива исто така ќе осигура дека Онтарио ќе остане лидер во индустријата на информатичката и комуникациската технологија во земјата " , изјави Нитин Кавале , шеф на Cisco во Канада.
Министерот за економски развој на провинцијата Онтарио, Ерик Хоскинс потврди дека 10 -годишниот договор меѓу властите и IT гигантот испраќа, како што изјави, порака на светот дека Онтарио е најдобро место за водење бизнис.
Најголемиот производител на компјутерска мрежна опрема во светот во моментов има околу 1 500 вработени во Канада . Компанијата планира да се прошири и во Торонто и Отава , но и во други градови во земјата .
Одлична можност за Cisco е кризата кај локалниот производител BlackBerry со седиште исто така во Онтарио. Спототивно со последните планови на Cisco, провинцијата Онтарио во целина губи работни места во производствениот сектор во последните месеци . Поради тековната глобална нестабилност условите за бизнис во Канада се премногу скапи за некои странски компании .
Неодамна производителот на житни закуски Kellogg's објави дека ја затвора фабриката и остави 500 луѓе на улица. Производителот на кечап Heinz исто така минатиот месец најави дека ќе престане со работа , оставајќи повеќе од 700 луѓе без егзистенција.
Слично
