Економија, финансии, бизнис

Контакт

Heinz ги затвора фабриките во САД

Heinz ги затвора фабриките во  САД
Компанијата Хајнц, позната по производството на кечапи и сосови, најави дека отпушта 1 350 работници во Северна Америка во наредните 6 до 9 месеци. Американскиот производител на храна ќе мора да ги затвори своите погони во Јужна Каролина, Ајдахо и Канада. Во компанијата, отпуштањата ги правдаат со потребата за поголема ефикасност. Производството, кое се одвивало во тие погони, Хајнц ќе ги премести на други локации во САД и Канада. Во компанијата наведуваат дека ќе вложат во отворање на нови 470 работни места во Охајо, Ајова,  Калифорнија и во Канада. Хајнц ги продава своите сосови во повеќе од 200 држави, а нивниот кечап во САД е по продажба на прво место со повеќе од 50 отсто учество на пазарот.  
Слично

Поврзани вести