Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хегсет: САД се подготвени со сила да го одземат иранскиот збогатен ураниум

Хегсет: САД се подготвени со сила да го одземат иранскиот збогатен ураниум

Американскиот министер за oдбрана, Пит Хегсет, денеска упати ултимативно предупредување до Техеран дека САД се подготвени со сила да го одземат иранскиот збогатен ураниум доколку тој не биде доброволно предаден, нагласувајќи дека по 38 дена воени операции, иранската судбина сега е во рацете на Вашингтон.

Хегсет потврди дека Ормуската Теснина е повторно отворена за сообраќај, откако претседателот Доналд Трамп ја повлече заканата за масовни напади по одлуката на Иран да ја прекине блокадата. Хегсет истакна дека иако е прогласено примирје, американската војска останува на Блискиот Исток за да гарантира дека Техеран ќе ги почитува преземените обврски.

Тој посочи дека Ормуска Теснина е отворена и дека американските сили ќе останат на Блискиот Исток за да обезбедат почитување на примирјето, кое, според него, претставува само „пауза“ во конфликтот.

Хегсет оцени дека САД постигнале „одлучувачка воена победа“ и дека иранската ракетна програма е уништена, тврдејќи дека притисокот го принудил Техеран да се врати на преговарачката маса. Тој посочи дека американските напади опфатиле и стратешки енергетски цели, вклучително и островот Харк, клучен за извозот на иранска нафта.

Според него, способноста на Иран да произведува и извезува енергија била под контрола на САД и на претседателот Доналд Трамп, кој, како што рече, можел брзо да ја уништи иранската економија, но се одлучил за поумерен пристап.

Хегсет додаде дека САД можат целосно да го блокираат иранскиот енергетски сектор и да ги гаѓаат тие цели без ограничувања, оценувајќи дека Иран претрпел сериозен политички и психолошки удар.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести