Економија, финансии, бизнис

Контакт

Хегсет им се закани на Русите да ја завршат војната во Украина, инаку ќе следи одговор

Хегсет им се закани на Русите да ја завршат војната во Украина, инаку ќе следи одговор

Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет се закани на Русија. 

„Европските лидери испраќаат јасна порака до Русија дека сега е време да се стави крај на војната во Украина. Ако оваа војна не заврши, ако нема пат кон мир на краток рок, тогаш Соединетите Американски Држави, заедно со нашите сојузници, ќе преземат потребни чекори за да ѝ наметнат цена на Русија за нејзината континуирана агресија“, рече Хегсет. 

Тој на оваа тема зборуваше на состанок во Брисел.

„Ако мора да го направиме овој чекор, Министерството за одбрана на САД е подготвено да го направи својот дел на начини на кои што само Соединетите Американски Држави можат“, објави тој. 

Тој истакна дека САД го гледаат смртоносниот и способен НАТО под водство на Европа и украинската армија способна да се одбрани како најефикасно средство за одвраќање од руската агресија. 

„Под цврстото водство на претседателот Трамп, а особено со нашите европски сојузници, ќе ја завршиме војната во Украина. Војната мора да заврши“, рече тој.

Хегсет ги повика сојузниците да ги зголемат инвестициите во програмата „Приоритетна листа на барања за Украина“ (PURL), која ги замени донациите за оружје од САД за Украина и бара од сојузниците да плаќаат за испораките на оружје од САД. 

Војната почна на 24 февруари во 2022 година. 

Слично

Поврзани вести