Хеџфондовите бегаат од златото
Хеџфондовете ги намалија облозите за златото , додавајќи најмногу кратки позиции во благородни метали од четири недели поради зголемување на очекувањата за крајот на стимулите од страна на ФЕД. Златните позиции се намалија со најмногу од април оваа година. Нето позициите во злато се намалија за 13% до 87 689 фјучерси на опции за неделата до 5 ноември , според податоците на комисијата за фјучерси .
Средните облози се зголемија за 37% за наведениот период, што е најмногу од 15 октомври наваму , додека долгите паднаа со 4.9 % . Заедничките златни позиции на 18-те најголеми индексни фондови во САД , базирани врз суровини , се намалени за 20 % до 658 263 договорот.
Шеснаесет аналитичари очекуваат цената на златото да се зголеми во текот на оваа недела , додека 11 очекуваат пад , покажува истражувањето на Bloomberg . Златото се намали за 23% од почетокот на годината , односно се насочило кон најголемо годишно намалување од 1981 година . Растот на вработеноста во САД со повеќе од очекуваното во голема мера придонесе за поевтинувањето на благородните метали. Цената на златото се намали за 2,2 % до 1 284.60 долари за унца во текот на изминатата недела , а фјучерсите се тргуваат без значителна промена денеска при 1 285 долари за унца .
За периодот меѓу декември 2008 и јуни 2011 година златото поскапе за 70% , откако ФЕД налеа над 2 трилиони долари во финансискиот систем , купувајќи го назад државниот долг. Според аналитичарите од американската инвестициска банка Goldman Sachs Group златото ќе се задржи на ниво од околу 1 300 долари оваа година и ќе поевтини до 1 050 долари до крајот на следната година , како последица на подобрување на економската ситуација во САД .
Очекувањата се потрошувачката на злато во Индија да се намали за време на фестивалите во земјата оваа година . Потрошувачката на злато во земјата придонесува за околу 20 % од светското злато.
Слично
